На 31.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(18) од с.Ломница, гостиварско, удрило во паркирано патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано од Д.Ш.(39) од Гостивар и во пешак М.А.(65) од Гостивар, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката Д.Ј.(26) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.