Хроника

Тинејџер излета со автомобил од автопатот Скопје-Велес, петмина повредени

Тинејџер излета со автомобил од автопатот Скопје-Велес, петмина повредени

На 08.12.2025 околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А., сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

To top