Хроника

Тетово: 16 годишник фатен како вози автомобил, заврши во станица

Тетово: 16 годишник фатен како вози автомобил, заврши во станица

На 04.02.2026 во 18:00 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од с.Желино.

-При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот и поради тоа што го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 16-годишникот е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во присуство на родител, а возилото е одземено, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

To top