Двајца млади од неготинско Тремник синоќа се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Во 23.30 часот во Полициската станица – Неготино било пријавено дека во селото се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл управуван од М.Ш., на возраст од 21 година и моторцикл „хамачи“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 19-годишното лице со иницијали А.Ш., двајцата од Тремник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во ЈЗУ – Неготино, појаснуваат оттаму.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Неготино.
Рано изутринава пак, во два часот, полициски службеници од Полициската станица – Кавадарци, го лишиле од слобода Д.Ј., на возраст од 36 години од овој град, бидејќи откако бил сопрен со неговото патничко возило „БМВ“ со кавадаречки регистарски ознаки, агресивно се однесувал и ги омаловажувал полициските службеници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.