Хроника

Тешко повредена жена, била удрена од автомобил

Тешко повредена жена, била удрена од автомобил

На 15.12.2025 во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57).

-Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

To top