Хроника

Тешко повредена прилепчанка во сообраќајка меѓу мопед и автомобил

Тешко повредена прилепчанка во сообраќајка меѓу мопед и автомобил

На 05.09.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“, ул.„Генерал Васко Карангелески“ и ул.„Крушевска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(43) и мопед без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(38), двајцата од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ѓ. ,констатирани во Градската општа болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

To top