На 01.07.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.