На 18.02.2026 во 07:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, поточно во с.Дебреше, гостиварско, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната А.А.Ш. од с.Дебреше, удрило во бандера.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А.Ш., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.