Денеска (27.09.2025) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(36) од Скопје удрило во бетонски ѕид.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.А, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.