Хроника

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Скопје

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од Р.В.(30) од Виница и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(27) од Тетово.

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Скопје

На 10.03.2024 во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“, ул.„Бледски договор“ и ул.„Париска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од Р.В.(30) од Виница и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(27) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top