На 16.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.30 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(50) од Скопје и патничко возило, по што возилото го напуштило местото, информира МВР.
Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.