Хроника

Тешко повреден возач на мопед, изгубил контрола на кружен тек

Тешко повреден возач на мопед, изгубил контрола на кружен тек

На 03.07.2024 во 12.47 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек, М.П.(52) од Виница, кој управувал мопед „пежо“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.

Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

To top