Хроника

Тешко повреден возач, излетал од автопатот Скопје – Тетово

Тешко повреден возач, излетал од автопатот Скопје – Тетово

На 25.07.2024 во 19.57 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, пред Добарски натпатник, патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(56) од Тетово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

To top