На 21.03.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“ во Скопје патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(54) од Скопје, удрило во велосипед управуван од В.А.(52) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Известен бил јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.