На 25.03.2024 во 10:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат од село Дреново, кавадаречко, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(41) од Велес, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци.
За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.