Хроника

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

На 26.11.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) удрилo во пешакот О.Д.(51), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Најнови вести од Хроника

To top