Хроника

Тешко повреден охриѓанец, излетал со автомобилот од пат

Тешко повреден охриѓанец, излетал со автомобилот од пат

На 20.02.2024 во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен – Буково кај место викано леворечки мост се случила сообраќајна несреќа.

-Патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(38) од Охрид, излетало од коловозот, при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

To top