На 05.07.2025 година во 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улиците „Орце Николов“ и „Миладин Поповиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(49) и мотоцикл „Пиаџо“, управуван од Л.С.(27) двајцата од Скопје.
Во несреќата Л.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.