Хроника

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во гостиварско

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во гостиварско

На 27.07.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Л.А.(32) од с.Градец и мотоцикл без регистраски ознаки, управуван од Д.С.(25) од с.Боговиње, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

 

To top