Хроника

Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Маврови Анови- Гостивар

Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Маврови Анови- Гостивар

На регионалниот пат Маврови Анови- Гостивар, на место викано „Влајница“, вчера во 18.50 часот, Ј.А.(18) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

Најнови вести од Хроника

To top