На 10.05.2024 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид Д.Г.(21) од Охрид управувајќи моторцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.