На 28.02.2026 во 02:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од с. Дебреште и патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од с. Дебреште.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди” бил пренесен Градската општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.