На 01.07.2024 во 18.38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат седичи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(37) од с.Козица, кичевско, и четирицкл „поларис“, управуван од малолетник од с.Длабкин Дол, кичевско.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, информира МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.