На 06.05.2024 во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35 – годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес.
По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.