На 13.12.2023 во 16.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„52“ во Стопански двор, Ѓ.П.(79) од Скопје, кој претходно управувал велосипед, паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.