Тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 22 часот се случи во Кисела Вода, во близина на општината.
Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.