Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 13 часот се случила на магистрален пат во близина на влезот за аеродромот „Св.Апостол Павле“.
МВР информира дека во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.С.(47) од Битола, автомобил „киа“, управуван од В.Н.(79) од с.Белчишта, Општина Дебрца и паркирано патничко возило „опел“, двете со охридски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Н. и неговата сопатничка В.Н.(79), констатирани во Општата болница Охрид и во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.