Хроника

Тешка сообраќајка во Аеродром, тројца повредени

Тешка сообраќајка во Аеродром, тројца повредени

На 10.01.2024 околу 14.30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ и бул.„Видое Смилевски-Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(33) од Скопје, и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(20) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговиот сопатник Х.Ф.(28) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top