Хроника

Сопатник тешко повреден, со автомобил излетале од пат

Сопатник тешко повреден, со автомобил излетале од пат

На 17.02.2026 во 19:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локален пат во с. Градец, гостиварско, патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(30) од с.Добридол, гостиварско, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Ш.(31) од с.Добридол, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

To top