На 27.06.2024 во 05.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред надвозник за с.Долно Српци, патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Битола, излетало од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.