Хроника Гостивар-Кичево, Мавровска крстосница

Сообраќајна незгода на магистрален пат: Странски државјани се здобија со тешки повреди

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар, стои во денешното соопштение на МВР.

Сообраќајна незгода на магистрален пат: Странски државјани се здобија со тешки повреди

Денеска (03.08.2024) во 06.55 часот во СВР Тетово била пријавена сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, во која учествувале патничко возило „пежо” со албански регистерски ознаки, управувано од В.Т.(41) од САД, со престој во Дебар, патничко возило „ауди” со германски национални ознаки, управувано од Ф.М.(31) од Германија и патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски таблици, управувано од Е.О.(29) од Гостивар.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката Р.Т.(41) од Дебар, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар, стои во денешното соопштение на МВР.

To top