Хроника

Сообраќајка во Арачиново: Шест лица повредени, меѓу нив и тригодишно девојче

Сообраќајка во Арачиново: Шест лица повредени, меѓу нив и тригодишно девојче

На 13.08.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61), двајцата од с.Арачиново, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Ч.И.(36) од с.Арачиново, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, тригодишно девојче, С.А.(20) и З.А.(28), сите од с.Арачиново, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top