На 17.08.2024 во 05.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.С.(49) од Прилеп и друг мотоцикл, кој по несреќата го напуштил местото.
-Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник М.Т.(50) од с.Мало Коњари, прилепско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.