Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од с.Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение дека вршеле кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.
На 14 април 2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал – детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација, објави МВР во дневниот билтен.
За кривичното дело за кое се осомничени тројцата пријавени, предвидена е парична казна или затвор во траење до три години.