Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Ч.(58) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 06.07.2023 на социјалната мрежа Фејсбук, на објавена вест од портал, пријавениот објавил коментари со кои промовирал и поттикнал омраза и дискриминација.