Хроника тешки повреди

Со автомобил удрил маж кој јавал домашно животно, па избегал

Лицето кое го управувало возилото, без да му пружи помош, го напуштило местото.

Со автомобил удрил маж кој јавал домашно животно, па избегал

Во СВР Штип, од Клиничка болница Штип вчера попладне е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Р.(53) од с.Парналија, општина Карбинци.

-По преземени мерки од полициски службеници од СВР Штип било утврдено дека во 11.30 часот на некатегоризиран пат од с.Кучица кон с.Парналија, М.Р.(53) јавал домашно животно и притоа се разминал со неколку возила, при што едно од возилата го удрило животното и тој паднал и се здобил со повредите, информира МВР.

Лицето кое го управувало возилото, без да му пружи помош, го напуштило местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top