Хроника Арачиново

Скопско: 13 годишник возел автомобил, па удрил во 14 годишно момче

Скопско: 13 годишник возел автомобил, па удрил во 14 годишно момче

На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

To top