На 15.12.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во Л.Ј.(68) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.