Хроника

Скопјанка паднала од автобус, возачот ја прегазил преку ногата

Скопјанка паднала од автобус, возачот ја прегазил преку ногата

На 11.02.2026 околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top