На 13.03.2024 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од с.Бањане, скопско, удрило во пешакот Д.Ѓ.(37) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.