На 14.02.2024 во 06:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружен тек на ул.„Скупи“ со бул.„8 Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(36) од с.Ржаничино, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Скопје, кој го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.