На 30.10.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.