Хроника

Шестмина повредени во сообраќајка во Арачиново, учествувало и возило на МВР

Шестмина повредени во сообраќајка во Арачиново, учествувало и возило на МВР

На 14.04.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на МВР, патничко возило „пежо“, управувано од Ф.Х.(44) од Скопје и патничко возило „фолксваген буба“, управувано од А.Ш.(27) од с.Арачиново, скопско, сите со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пежото и неговите четири сопатнички, Р.А.(57), Х.Х.(47), Р.А.(24) и А.А.(22 ), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  Со телесни повреди, исто така, се здобил возачот на возилото „фолксваген буба“, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top