Хроника

Се судрија „томос“ и „матиз“: Возачите имале 73 и 70 години, еден тешко повреден

Се судрија „томос“ и „матиз“: Возачите имале 73 и 70 години, еден тешко повреден

На 08.07.2024 во 10.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Лески“ со ул.„Богомилска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“, управуван од Ч.Р.(73) и патничко возило „даеву матиз“, управувано од П.Г.(70), и двајцата од Штип, а двете возила со штипски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ч.Р., констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани теми

To top