Педагог во скопско средно училиште вчера попладне во полиција го пријавила родителот на една ученичка.
-Во 17.50 часот во Полициската станица Центар А.Д., педагог во средно училиште од Скопје, пријавила дека таа, директорката и вработени во училиштето биле вознемирувани од М.К., родител на ученичка, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.