На 19.09.2024 во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(30) од н.Илинден, Скопје.
Тој се сомничи дека околу 21:30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.