Хроника

Работник пронајден во безсознание додека работел во РЕК Битола, починал во болница

Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Работник пронајден во безсознание додека работел во РЕК Битола, починал во болница

На 28.12.2023 во 12.33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С.(44) од с.Новаци, битолско, кој во 12.45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата.

-Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола, информира МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

To top