Хроника

Провалил во Управата за матични книги и украл компјутери

Вечерта петок кон сабота засега непознато лице влегло во Управата за матични книги во Прилеп при што одзело документи и оштетило друга документација, а исто така одзел монитори и куќишта до компјутери

Провалил во Управата за матични книги и украл компјутери

„На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул. Димо Наредникот во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

To top