Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес во текот на вчерашниот ден (16.10.2024 год.) ги лишиле од слобода М.Ц.(34) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја, соопшти МВР.
-Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги, нотираат во соопштението.
Министерството за внатрешни работи соопти дека М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.