СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(47) и С.Ј.(37), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 27.04.2023, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од првопријавениот.